Почетна
Спорт

Лаутаро Мартинез: Гласините за трансфер во Барселона беа вистинити, но останувам во Интер

Капитенот на Интер изјави дека преговорите со Барселона биле вистински, но лојалноста кон клубот го убеди да остане.

·Спорт
Лаутаро Мартинез: Гласините за трансфер во Барселона беа вистинити, но останувам во Интер

Капитенот на Интер, Лаутаро Мартинез, конечно го прекина молчењето за долготрајните шпекулации и потврди дека интересот на Барселона бил реален, но дека на крајот одлучил да остане во Милано. Изјавата ја даде за време на Гран Гала дел Калчо на 03.09.2026.

Зошто остана

Мартинез призна дека преговори и вести за можен трансфер на Камп Ноу се појавувале во неколку преодни рокови, но дека тоа не биле само шпекулации туку конкретна можност со која се соочил.

„Гласините за мој траансфер Барселона беа вистинити, но на крајот сакав да останам тука, со моите соиграчи и навивачите “, рече 27-годишникот.

Напаѓачот нагласи дека лојалноста кон нероазурите преовладувала. Тој ја опиша „длабоката врска“ што ја создаде со навивачите на Сан Сиро и со соблекувалната на Интер, што на крајот тежеше повеќе од примамливоста да замине во Шпанија.

„ За мене, Интер е гордост, среќа и желба да продолжам. Одлучив повторно да останам тука, сакам да постигнам големи работи со Интер“. — додаде Мартинез, нагласувајќи ја својата посветеност кон клупските цели.

Со ова, Мартинез ја затвора новата страница од шпекулациите за трансфер и ја насочува целосно вниманието како капитен кон предизвиците во новата сезона.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи