Почетна
Свет

Лавров во ОН: Европа ја поттикнува војната во Украина

Во говорот пред ОН, Лавров обвини дека Европа и Западот го попречуваат мирот, дека снабдуваат оружје на Киев и најави дека конфликтот ќе продолжи.

·Свет
Лавров во ОН: Европа ја поттикнува војната во Украина

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации ги обвини европските држави дека ја поттикнуваат војната во Украина и прават сè што можат да ја спречат можноста за мировни преговори.

Лавров рече дека Западот ја снабдува Украина со оружје и ѝ помага на Киев „да ги таргетира цивилите и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и ракети“. Тој ги изнесе овие тврдења во обраќањето пред лидерите во ОН.

„Нашата борба за вистина и правда ќе продолжат до крај…“

Рускиот министер за надворешни работи најави дека конфликтот ќе продолжи и дека Русија ќе ги оствари своите воени цели: „Нашата борба за вистина и правда ќе продолжат до крај … Воените цели ќе бидат постигнати … Заканата по руската безбедност ќе биде отстранета и ќе биде обновен мирниот живот,“ истакна Лавров во ОН.

Тој наведе дека Европа, и покрај тоа што ја разбира бесмисленоста на своите напори, сепак прави сè за да спречи мирно решение и да ја попречи можноста за преговори. Во говорот тој посочи дека меѓу заинтересираните страни за преговори е и „владата на американскиот претседател Доналд Трамп.“

На крајот, Лавров оцени дека Западот сè почесто прибегнува кон „чиста сила“, делува непредвидливо и неодговорно и го загрозува животот и благосостојбата на милиони, ако не и милијарди жители на планетата, што, како што рече, ја делиме.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи