Почетна
Спорт

Легендата на Севиља Евер Банега официјално оди во пензија

Искуствениот играч потврди дека се повлекува и дека одлуката е конечна; последен настап на 4 мај 2026.

·Спорт
Легендата на Севиља Евер Банега официјално оди во пензија

Аргентинскиот фудбалер Евер Банега официјално стави крај на професионалната кариера на 38-годишна возраст. Тоа го потврди во интервју, по периодот кога веќе најави дека е 80 проценти сигурен во намерата да се повлече.

Банега беше дециден дека одлуката е конечна и нема намера да ја менува, дури ни доколку добие повик од Лионел Меси за повторно да заиграат заедно во Интер Мајами. „Одлуката е донесена. Со фудбалот е завршено“, порача искусниот играч и додаде дека сака да отстапи место на помладите и да започне ново поглавје во животот.

Последен натпревар и клупска кариера

Последниот официјален натпревар Банега го одигра на 4 мај 2026 година во дресот на Дефенса и Хустисија. Во текот на кариерата настапуваше за Бока Јуниорс, Валенсија, Атлетико Мадрид, Интер, Севилја, Њуелс Олд Бојс и Ал Шабаб.

Најголемите клупски успеси ги оствари со Севилја — трипати ја освои Лигата на Европа, а со Валенсија го освои Купот на Шпанија. На младинско ниво беше светски првак со Аргентина во 2007 година, а една година подоцна стана и олимписки шампион во Пекинг.

За сениорската репрезентација на Аргентина запиша 65 настапи и шест голови. По богатата и наградена кариера, Банега ќе се повлече од активното играње и ќе се насочи кон нови предизвици.

Фото: BeSoccer @besoccer_ES (X)

Поврзани написи