Почетна
Политика

Лична карта и возачка дозвола на телефон: промовирана апликацијата „м.Услуги“

m.Uslugi нуди дигитален идентитет, електронски документи и пристап до јавни услуги на едно место.

·Политика
Лична карта и возачка дозвола на телефон: промовирана апликацијата „м.Услуги“

Од денеска, лицната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни на мобилен телефон откако Министерството за дигитална трансформација ја промовираше новата мобилна апликација „м.Услуги“ (m.Uslugi).

Апликацијата е замислена како единствен мобилен пристап до дигиталната држава — со дигитален идентитет, електронски документи, јавни услуги и известувања на едно место, а во следните фази и со интегрирани плаќања. Апликацијата е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно, посочи министерството.

Демонстрација и практични функции

За време на презентацијата, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во живо ја активира апликацијата и ја додаде својата електронска лична карта во дигиталниот паричник. Тој нагласи дека станува збор за електронска верзија на документот, а не за фотографија или PDF.

„Ова не е фотографија од личната карта, ниту ПДФ документ. Ова е електронска верзија на документот во мобилниот телефон“, рече министерот.

Една од функциите што беше демонстрирана е селективното споделување на податоци: наместо да се прикажува целиот документ, корисникот може да сподели само потребната информација — на пример да ја потврди возрасната граница без да ја даде адресата или бројот на документот.

„Ако единственото прашање е дали едно лице е полнолетно, нема потреба да се споделуваат адресата, бројот на документот и сите останати лични податоци. Современот дигитален идентитет значи да се сподели само оној податок што е потребен“, рече Андоновски.

Андоновски додаде дека целта не е само да се префрлат административните постапки од шалтер на мобилен телефон, туку тие суштински да се поедноставуваат. Тој објасни дека идејата за „м.Услуги“ започнала во 2024 година, по неговото учество на Дигиталниот самит во Цирих и запознавањето со украинскиот модел „диа“, а концептот понатаму е развиен како дел од европскиот проект „GovTech4All“ преку програмата „Digital Europe“.

Фото: СДК.МК)

Поврзани написи