Лидија ја прослави Света Петка дома во Белград и ја покажа новата фризура
Актерката сподели приватен момент пред икона, а фановите жестоко реагираа на промени во нејзиниот изглед.

Познатата српска и регионална актерка Лидија Вукиќевиќ го прослави големиот празник Света Петка во својот дом во Белград и тоа го сподели на Инстаграм — но објавата привлече внимание не само поради религиозниот момент, туку и поради целосно променетиот изглед.
На фотографијата се гледа раскошна икона на светителката пред која гори црвено кандило, додека во позадина се слуша духовна песна. Со едноставниот опис „home“, Лидија покажа дека најважните моменти ги поминува таму каде ѝ е срцето.
Покрај празничната атмосфера, голем дел од јавноста го забележа и нејзиното ново обликување на косата. Долги години заштитен знак ѝ беа богатите локни, но на оваа фотографија актерката се појави со совршено испеглана, рамна и мазна коса — промена која предизвика лавина коментари.
Фановите не штедеа реакции: дел од нив напишаа дека „невозможно да е тоа таа“, а други тврдеа дека „не важат истите закони за времето и секогаш изгледа младешки“.
Во ексклузивно интервју за нашата редакција, Лидија откри и колку ѝ значи Македонија: „Јас во Македонија се чувствувам како дома затоа што со години доаѓам, играм претстави и уживам со сите луѓе што ги познавам“, нагласувајќи дека Охрид со своите цркви и магија ѝ е посебно омилен.
Тајната на младиот изглед
За тајната на својот младешки изглед, Лидија вели дека најважен е позитивниот дух: „Мислам дека луѓето со позитивни мисли и со радост во себе не ги добиваат оние неубави брчки и остануваат духовно млади“. Реакциите на објавата покажаа дека промената на фризурата ги изненади и воедно ги воодушеви следбениците во регионот.
Фото: прес-материјал од настанот


