Лила Филиповска во проѕирно црно: прослави 55 години покрај море
Водителката објави провокативни фотографии и го прослави 55-тиот роденден со најблиските покрај море.

Популарната водителка Лила Филиповска ги изненади следбените со серија провокативни фотографии во долг, проѕирен црн фустан од тантела и преку објавата им се заблагодари на фановите за стотиците роденденски честитки што ги доби во изминатите денови.
Проѕирната креација го нагласи нејзиното затегнато тело и витката линија, додека темната подлога под фустанот го зајакна сценографскиот и заводлив ефект. Како додатоци избра кожена јакна фрлена преку рамениците, високи црни штикли, луксузна мини-торбичка и очила за сонце, зрачејќи со самодоверба.
Прослава покрај море
Филиповска својот 55-ти роденден го прослави во тесен круг на најблиските пријатели покрај море. Наместо класична роденденска торта таа дуна свеќички на слатки десерти со коктел во рака, а потоа испрати емотивна порака до своите следбеници.
„И животот продолжува… ве чека едно ново поглавје, нови предизвици, сè што го прави животот интересен. Безброј бакнежи за сите што ми пишавте убави и инспиративни пораки и благодарам за огромната количина на љубов која ќе ми ја грее душата уште долго, долго… Ве сака ваша Лила“ – напиша водителката во описот на фотографиите.
Една од најемотивните честитки дојде од нејзиниот син, Филип Филиповски, кој објави заедничка фотографија на која ја прегрнува мајка си и напиша: „Среќен роденден Лиле, жената што ме донесе на свет и сè уште се прашува каде згрешила“. По неговата објава Лила му врати со кратко и искрено: „Те сакам“.
Со овие објави и интимната прослава покрај море, Лила уште еднаш покажа дека годините за неа се само број — нејзиниот младешки дух, изглед и позитивна енергија остануваат препознатливи на домашната сцена.
Фото: прес-материјал од настанот


