Почетна
Свет

Луфтханза отпушта 1.000 работници на аеродромите во Франкфурт и Минхен

Авиокомпанијата пријави просечен месечен минус од 20 милиони евра и вели дека реструктурирањето од 2024 не е доволно

·Свет
Луфтханза отпушта 1.000 работници на аеродромите во Франкфурт и Минхен

Авиокомпанијата „Луфтханза“ објави укинување на 1.000 работни места со полно работно време на аеродромите во Франкфурт и во Минхен, како дел од нови мерки за намалување на трошоците.

Во интерно писмо до вработените, „Луфтханза ерлајнс“ пријави просечна месечна загуба од 20 милиони евра во периодот од јануари до септември оваа година. Компанијата го посочува како главни причини штрајковите на пилотите и кабинскиот персонал и наглиот пораст на цените на горивата од почетокот на војната во Иран, кои ја успориле стабилизацијата на сообраќајот.

„Луфтханза ерлајнс“ работи под името „Луфтханза“ и е дел од поголема група во која се вклучени превозници како „Свис“ и „Аустриан ерлајнс“; сепак, најновите бројки ги натераа раководството да преземе дополнителни нетипични мерки.

Реструктурирање од 2024 година не е доволно

Планот за реструктуирање од 2024 година предвидува повеќе од 700 конкретни мерки за зголемување на заработката за 2,5 милијарди евра до 2028 година, но менаџментот во писмото предупредува дека тие чекори веќе не се доволни за да се поврати профитабилноста.

Како што се вели во писмото на компанијата: "Годината 2026 година нè врати назад. Војната на Блискиот Исток, сѐ уште многу високите трошоци за гориво, деветдневниот штрајк и нашата веќе висока база на трошоци дополнително ја влошија ситуацијата". Во документот се додава дека вонредните услови бараат дополнителни намалувања на трошоците на клучните германски центри.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи