Лука Стојановски: Победата е единствениот императив пред нас
Искуствениот бек вели дека Македонија одат во Виена со јасна цел — победа на отворањето од вториот круг од претквалификациите.

Лука Стојановски важи за еден од најстабилните репрезентативци во македонската кошарка во последните неколку квалификациски циклуси. Новиот играч на МЗТ Скопје Аеродром повторно е повикан во селекцијата и ќе учествува во вториот круг од претквалификациите за Евробаскет 2029, во групата „Ф“ против Австрија и Кипар.
Прв натпревар во Виена на 30 август
Првиот предизвик е закажан за в недела, 30 август 2026 година — Македонија гостува во Виена, во "Спорт Арената", со почеток во 16:05 часот.
По одработениот тренинг во "Спорт Арената" во Виена, Стојановски јасно ги постави очекувањата пред натпреварот: "Очекувањата се да победиме. На секој натпревар што ќе го играме во наредниот период одиме на победа. Се подготвуваме, гледаме видеа, правиме тактика. Едноставно, имаме добра и комплетна екипа во овој момент. Победата, би го нарекол тоа, е единствениот императив пред нас."
Во претходниот претквалификациски циклус Репрезентацијата имаше максимален ефект — шест победи на шест натпревари — што значително ја зголеми самодовербата во тимот. Во новиот циклус селекцијата е дополнително зајакната со приклучувањето на Ненад Димитријевиќ и Мозес Рајт.
„Точно така. Тие победи и одиграните натпревари во овие претквалификации се голем плус за нас како екипа. Но и доаѓањето на одлични играчи како Ненад и Мозес ќе ни помогне во намерата да стигнеме до оние вистински квалификации.“
Стојановски даде и кратка тактичка проценка на Австрија: "Би рекол дека пред сè станува збор за шутерска екипа. Физички не се предоминантни, така што би рекол дека негуваат брза кошарка и дека имаат добар шутерски потенцијал".
Дуелот меѓу Австрија и Македонија ќе биде првиот натпревар за нашиот тим во вториот круг од претквалификациите за Евробаскет 2029 и ќе се игра в недела, 30 август 2026 година, со почеток во 16:05 часот во "Спорт Арената" во Виена.
Фото: прес-материјал од настанот