Лукаревска ја праша Јаневска зошто учениците од ОУ „Киро Глигоров“ учат онлајн
Пратеничката ја доведе во прашање навременоста на доградбата и одговорноста на МОН поради пресвртот пред почетокот на учебната година.

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ Сања Лукаревска ја праша министерката за образование и наука Весна Јаневска зошто стотини ученици од основното училиште „Киро Глигоров“ во Општина Центар не ја следат наставата во училишните простории и зошто училиштето и натаму личи на градилиште непосредно пред 1 септември.
Учениците од четврто до деветто одделение привремено ја следат наставата онлајн од 1 септември, а родителите за тоа, според обвинувањата на Лукаревска, биле известени на 31 август. Училиштето, кое е најново во земјата и беше пуштено во употреба во 2019 година, сè уште се доградува — се работи на изведба на уште 6 училници на постоечкиот простор.
Прашање за правна и политичка одговорност
Лукаревска во парламентот истакна дека градежните работи се инвестиција на Министерството за образование и наука и директно ја постави одговорноста до министерката, повикувајќи се и на времето на потпишување на договорот.
„Договорот бил потпишан во февруари, а вие се будите во август? Кој ќе понесе одговорност што е прекршен Законот за основно образование? После препораката за да учат децата англиски јазик од серии, изјавивте првачињата да бараат братче и сестриче, па рековте околу 100-тина училишта се затворени, за на 20 јули да препорачате да се пренаменат во старечки домови. Сите ви се чудат министерке. Носите решенија за затворање на училишта, не можете да предвидите навремена градба во ОУ ‘Киро Глогоров’ ?. Дали сè уште стоите на вашата изјава училиштата да станат старски домови?“, праша Лукаревска.
Во текот на седницата таа упати и друго прашање до министерката: „ОД КАДЕ ЗНАЕТЕ ВИЕ ДАЛИ ЈАС КОМУНИЦИРАМ СО ДИРЕКТОРКАТА НА ШКОЛОТО ‚КИРО ГЛИГОРОВ‘?“. Во доставениот материјал не е наведено каков одговор дала министерката.
Фото: СДК.МК)


