Маѓар: Не поддржувам забрзано проширување во ЕУ за која било земја
Маѓар објави став по средбата со претседателот на Европскиот совет; во Скопје дојдоа предупредувања и контрареакции.

Унгарскиот премиер Петар Маѓар изјави дека нема да поддржи проширување на Европската унија „на брза трака“, став што го објави на својот фејсбук профил по средбата со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
Реакции во Скопје
Во објавата Маѓар вели дека средбата се однесувала и на новиот седумгодишен буџет на Унијата и дека прифаќањето на тој пакет може да се случи само ако компромисот е во интерес на Унгарија. Тој напиша: "Ја направив средбата светла за новиот седумгодишен буџет на Унијата може да се прифати само ако компромисот е во интерес на унгарскиот народ и бизнисите. Повторив, дека Унгарија во секој случај не го поддржува забрзан пристапниот за било која земја во процесот за проширување ."
Премиерот Мицкоски, одговарајќи пред новинарите, рече дека не верува дека изјавата е наменета против Македонија, бидејќи Унгарија е долгогодишен пријател и поддржувач на евроинтегративните процеси.
Опозицискиот лидер Венко Филипче го обвини Мицкоски и власта дека тие биле "главните кочничари" на евроинтеграциите и додаде дека и стратешките партнери почнуваат да го забележуваат тоа.
Во меѓувреме земјата влегува во нов рок — до декември треба да ги испорача реформските закони кои се бараат од нас. Сето тоа се случува во услови кога албанскиот опозициски блок веќе почна со блокади на законодавниот дом пред одморите и најави дека ќе продолжи особено кон законите кои, според нив, се во спротивност со Охридскиот рамковен договор.
Собранискиот спикер Гаши посочи дека законите ќе се ставаат на седници според повеќе критериуми — потреба, итност и политичка волја — и дека ќе побара од Комисијата за деловнички и мандатно‑имунитетни прашања да утврди дали опозицијата го злоупотребува деловникот и процедурите за да го кочи работата на седниците.
Фото: прес-материјал од настанот


