Македонија е во серија од осум меча без победа, со Седлоски не знаеме ни за гол!
А-репрезентацијата е без триумф во осум натпревари; под Гоце Седлоски не постигна голови во 360 минути.

Македонија влегува во вечерашниот дуел со Швајцарија во низa од осум меча без победа — низa што почнува од есента 2025 година и дополнително загрижува со фактот дека по смената на селекторот не постигнува голови.
Последна победа на A-репрезентацијата е против Лихтенштајн, 5:0, на 7 септември 2025 година во квалификациите за СП 2026.
По таа победа следуваа четири натпревари под водство на Благоја Милевски: 0:0 кај Белгија, 1:1 дома со Казахстан, пријателска 0:0 дома со Летонија и гостување кај Велс (1:7). Потоа Милевски си замина, а на негово место дојде Гоце Седлоски.
Со Седлоски — ниту еден гол
Дебито на Седлоски беше во Копенхаген против Данска во баражот за пласман на СП 2026, пораз од 4:0. Потоа следуваа: 0:0 на гостување кај Република Ирска, 0:0 пријателска во Сарајево против Босна и Херцеговина и пораз од 4:0 во пријателска на гости кај Турција.
Од ова произлегува дека нашата А-репрезентација под водство на Седлоски не успеала ниту еднаш за 360 минути да ја затресе противничката мрежа.
Навивачите се надеваат дека вечерва прво ќе се израдуваме на гол, а потоа и на победа — иако противникот е силен.
Фото: прес-материјал од настанот


