Македонија го почнува циклусот за ЕП 2028, први ривали: Луксембург и Грција
Кампањата започнува со домашен натпревар против Луксембург, а потоа следи тежок гостински дуел во Грција; федерацијата бара продолжување на низа од учества.

Нашата мажска ракометна репрезентација ја почнува новата квалификациска фаза за ЕП 2028, со јасна цел да ја продолжи декадата на присуство на големи турнири. Во првите две рунди селекцијата ќе игра дома против Луксембург, а потоа гостување во Грција.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, на прес-конференција одржана на 15.10.2026 ги постави очекувањата и планот за почетокот на циклусот.
“ „ Се собравме на две седмици пред почетокот на квалификациите за ЕП 2028, ни следат два меча, еден на домашен терен со Луксембург по што ќе следи и гостувањето во Грција. Селекторот Лазаров во следната седмица ќе го објави списокот, јас накратко ќе кажам дека ќе направиме се, да биде пракса и во иднина – да одржуваме прес-конференција на која ќе говориме за нашите планови и амбиции. Играме во една група во која Шведска е фаворит, Грција е ривал што е незгоден, што покажа во последните година две дека може да се носи со сериозни репрезентации, но сметам дека ние сме поискусна селекција со еден од најдобрите селектори во Македнија, така што очекуваме победа и во Грција, не одиме со бело знаме, сметаме дека сме поквалитетни. Нормално, очекуваме пласман и на ЕП 2028, се надевам дека се ќе биде во најдобар ред, играчите ќе бидат здрави и ќе донесеме радост на цела Македонија“, и стакна првиот човек на РФМ, Александар Стефанов.
Лазаров: конкуренција за местата ќе биде голема
Селекторот Кирил Лазаров предупреди дека нема да се брза со скратениот список и дека секое место ќе се бори на теренот.
„ Списокот го планирам за почетокот на следната недела, ги следиме сите ракометари, така што нема да брзаме со скратениот список. Нема да брзаме, конкуренцијата за секое место во тимот е голема. Нема да потцениме никого, дури ни Луксембург кој доби сериозен селектор откако го именуваше Дидие Динар, легендарниот Французин. Што се однесува до дуелот со Грција, тоа ќе биде вистински, тврд меч само за карактерни играчи. Грците покажаа со победата над Холандија и пласманот на СП, направија големо изненадување и покажаа дека поседуваат квалитет. Тоа ќе биде вистински испит за нас, добро ќе се подготвиме, тоа го покажавме и во баражот со Словачка, треба да продолжиме во исто и во уште подобро темпо во периодот што следи “, изјави Лазаров на денешната прес-конференција.
Претходно Хориха доби зелено светло и ќе го облече дресот на Македонија.
Фото: прес-материјал од настанот


