Македонија на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа
По завршувањето на четвртиот квалификациски прозорец за Мундијал 2027, селекцијата има 237,7 поени и пад од едно место.

Машката репрезентација на Македонија се најде на 65. место на најновата ФИБА ранг-листа, објавена по завршувањето на четвртиот квалификациски прозорец за Светското првенство 2027.
Сега селекцијата има 237,7 поени и се спушти за едно место во однос на претходниот рејтинг.
Кои се на врвот
На врвот и понатаму се САД со 952,3 поени, пред Германија со 877,4 и Франција со 870,9. Французите ја прескокнаа Србија, која сега е на четвртата позиција со 870,6 поени.
Во првите десет уште се: Канада, Шпанија, Австралија, Аргентина, Турција и Литванија.
Од нашите ривалски екипи во евро-претквалификациите, Австрија — која ја победивме во Виена — е на 66. место, а Кипар е 69-ти.
Фото: ФИБА


