Почетна
Спорт

Македонија официјално во Третиот шешир пред извлекувањето за ЕП 2028

Извлекувањето во Белфаст на 6 декември 2026 ќе формира 12 групи; плејофот ќе зависи од пласманот на домаќините.

·Спорт
Македонија официјално во Третиот шешир пред извлекувањето за ЕП 2028

Со завршувањето на групната фаза од Лигата на нации, официјално е дефиниран составот на шеширите пред извлекувањето за квалификациите за Европското првенство 2028 — Македонија е во Третиот шешир.

Извлекувањето ќе се одржи во Белфаст на 6 декември 2026 година, кога ќе се формираат 12 групи: шест групи по четири и шест групи по пет селекции. Победниците од 12-те групи и осумте најдобри второпласирани ќе обезбедат директен пласман на ЕУРО 2028.

Баражите ќе зависат од успехот на домаќините

Останатите места ќе се пополнуваат преку плејоф — формат кој ќе биде специфичен бидејќи ќе зависи од тоа како ќе се снајдат четирите домашни селекции (Англија, Република Ирска, Велс и Шкотска) во регуларните квалификации. Домаќините имаат резервирано максимум две места доколку не се пласираат преку редовните квалификации.

Според тоа, преку баражот ќе се пополнат од два до четири места на ЕУРО, во зависност од тоа колку од домаќините веќе се квалификувале директно. Во март 2028 година во баражот ќе учествуваат осум или 12 репрезентации (избрани врз основа на резултатите од квалификациите и Лигата на нации). Четирите најслаби второпласирани од квалификациите сигурно ќе играат барем во плејофот.

Македонија, што беше веќе познато, е сместена во Третиот шешир. Квалификациите започнуваат во март 2027 година и ќе траат до ноември 2027. Сепак, Македонија ќе го започне своето патување до ЕП во јуни 2027, оти во март ќе игра бараж за опстанок во Б-дивизијата на Лигата на нации — што значи дека ќе биде во група со четири репрезентации.

Прв шешир: Англија, Португалија, Франција, Холандија, Шпанија, Белгија, Данска, Германија, Грција, Италија, Норвешка и Хрватска.
Втор шешир: Србија, Велс, Чешка, Турција, Швајцарија, Шведска, Австрија, Унгарија, Северна Ирска, БиХ, Словенија и Република Ирска.
Трет шешир : Украина, Полска, Романија, Израел, Грузија, МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Албанија, Словачка, Исланд, Шкотска, Косово.
Четврти шешир : Белорусија, Кипар, Фарски Острови, Финска, Молдавија, Ерменија, Бугарија, Луксембург, Казахстан, Латвија, Сан Марино и Естонија.
Петти шешир : Малта, Азербејџан, Литванија, Андора, Гибралтар и Лихтенштајн.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи