Почетна
Спорт

Македонија повторно домаќин на У16 Европското првенство — Дивизија „Б“

Од 6 до 15 август во Скопје и Гевгелија ќе се одржи Европското првенство за кошаркари под 16 години (Дивизија „Б“), под покровителство на ФИБА.

·Спорт
Македонија повторно домаќин на У16 Европското првенство — Дивизија „Б“

Македонија повторно ќе биде домаќин на голем младински кошаркарски собир: од 6 до 15 август ќе се одржи Европското првенство за кошаркари „Под 16“ — Дивизија „Б“, кое го организира Кошаркарската федерација на Македонија под покровителство на ФИБА.

Довербата што ФИБА повторно ѝ ја укажува на Кошаркарската федерација на Македонија е резултат на успешните организирања на претходните меѓународни натпреварувања и на високите стандарди што Федерацијата ги поставува при организирањето на европските шампионати.

Шампионатот ќе се одвива во два града — Скопје и Гевгелија — градови со богата спортска традиција и со искуство во домаќинство на натпреварувања на континентално ниво.

Локации и сали

Во Скопје натпреварите ќе се играат во „Т Арена“, современ спортски објект кој во изминатите години беше домаќин на низа домашни и меѓународни кошаркарски настани. Како главен град, Скопје повторно ќе ги отвори своите врати за младите европски селекции, официјалните лица и навивачите.

Во Гевгелија натпреварите ќе се играат во спортските сали „НБ Ноел“ и „26 Април“, објекти кои претходно успешно биле домаќини на меѓународни кошаркарски натпревари и кои нудат добри услови за игра и организација.

Со организацијата на ова Европско првенство, Кошаркарската федерација на Македонија ја потврдува својата стратешка определба преку успешно домаќинство на големи меѓународни настани да придонесува за развојот и афирмацијата на македонската кошарка и за промоција на државата како препознатлива спортска дестинација во Европа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи