Почетна
Магазин

Македонски успех во Тбилиси: Катарина Јовановска Трета придружничка, Јасмин Мустафоски со две титули

Катарина Јовановска освои Трета придружничка, а Јасмин Мустафоски донесе две титули од Тбилиси.

·Магазин
Македонски успех во Тбилиси: Катарина Јовановска Трета придружничка, Јасмин Мустафоски со две титули

Македонија забележа силен настап на меѓународниот избор за убавина „Miss & Mister PLANET 2026“, кој се одржа минатиот викенд во Тбилиси, Грузија.

Во женска конкуренција нашата претставничка беше Катарина Јовановска од Тетово; со својот настап таа се закити со титулата Трета придружничка.

Двоен успех во машка конкуренција

Во машка конкуренција наш претставник беше Јасмин Мустафоски од Охрид, кој го привлече вниманието на жирито и се врати со две признанија — четврти придружник и најдобар фото модел.

И Катарина и Јасмин се членови на Модното студио Црнокрак, кое ја поседува официјалната лиценца за Македонија за овој престижен светски избор.

Главните круни во Тбилиси ги освоија претставничката на Романија за Мис Планет 2026 и претставникот на Индија за Мистер Планет 2026.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи