Почетна
Спорт

Макпетрол освои шест медали на „Купот на Шампиони“ во Подгорица

Сениорскиот тим освои три златни и три сребрени на силен меѓународен турнир со околу 700 учесници.

·Спорт
Макпетрол освои шест медали на „Купот на Шампиони“ во Подгорица

Сениорскиот тим на Карате клубот Макпетрол – Скопје се врати од Подгорица со вкупно шест медали освоени на меѓународниот турнир „Куп на Шампиони“, потврдувајќи ја добрата форма пред Светската карате лига во Салцбург.

Во турнирот во Подгорица, Црна Гора учествуваа околу 700 каратисти од шест држави. Сениорите на Макпетрол освоија три златни и три сребрени медали во кумите категориите.

Освојувачи на медали

Златни медали: Јована Мицовска – -61 кг; Вукашин Јовановиќ – -67 кг; Стефан Стојановиќ – +84 кг.

Сребрени медали: Данили Божовиќ – -84 кг; Викторија Јовановска – -68 кг; Греса Мустафиу – +68 кг, Арена , Струга.

Настапот во Подгорица беше прв сериозен контролен турнир за сениорскиот состав по неодамнешното Европско универзитетско првенство во Тирана, и тимот го искористи за да ја провери моменталната форма и техничко-тактичката реализација.

Тренерот Петар Заборски рече: „ Задоволен сум од постигнатото. Освоивме шест медали – три златни и три сребрени, на еден многу силен регионален карате турнир. За нас ова беше прва голема контрола по Европското универзитетско првенство во Тирана и можност да видиме до каде сме со формата на сениорите. Има уште простор за напредок, но генерално сум задоволен од настапот и од прикажаното од нашите каратисти.“

Во наредниот период сениорскиот тим ќе се насочи кон темпирање на формата за Светската карате лига која треба да се одржи во Салцбург, Австрија.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи