Почетна
Спорт

Малески: Респект за Башкими, но Струга ТЛ оди по победа во Куманово

Малески вели дека Струга Трим Лум почитува Башкими, но оди во Куманово за победа.

·Спорт
Малески: Респект за Башкими, но Струга ТЛ оди по победа во Куманово

Утрешниот дуел во Куманово меѓу Башкими и Струга Трим Лум ја затвора 9.коло од тековната сезона во Првата лига на ПМФЛ. Од таборот на Струга ТЛ велат дека во периодот на паузата работеле добро и дека тимот е подготвен да оди на победа.

Напаѓачот Христијан Малески ги потенцираше очекувањата пред натпреварот: „Имаме почит кон Башкими, и покрај тоа што е на дното на табелата. Струга Трим Лум, како и обично, доаѓа на секој натпревар за да ги освои 3-те бода, па затоа во понеделник во Куманово се надеваме дека ќе ја оствариме следната победа во првенството“ – рече напаѓачот Христијан Малески.

За атмосферта во екипата тој додаде: „ Имаме одлична атмосфера, добро сме подготвени за овој натпревар, па се надеваме дека утре исто така ќе одиграме квалитетен натпревар и дека на крајот ние ќе бидеме тие што ќе уживаат во победата.“

Деби за репрезентацијата и форма

Малески беше дел од репрезентацијата на Македонија речиси две недели и го имаше своето деби во натпреварот против Словенија на 29 септември, во кој настапи 29 минути; имаше можност да игра и против Шкотска во Скопје. За тоа искуство тој изјави: „Сонот на секој фудбалер е да дебитира со дресот на својата земја. Искрено, не можете ни да го опишете чувството што го имате во тие моменти. За жал, работите не тргнаа добро за нас, но јас ќе бидам подготвен секогаш кога ќе ми се укаже можност да ја претставувам мојата земја на најдобар можен начин .“

Во осумте досегашни кола Малески постигна 5 гола, а минатата сезона на 33 натпревари реализира 16 погодоци. Тој најави амбиции за подобра сезона: „Зошто да не, верувам во себе и се надевам дека оваа сезона ќе го надминам бројот на голови што ги постигнав минатата сезона. Сепак, мојата најголема желба е да и помогнам на Струга Трим Лум со моите голови, и на крајот да освоиме трофеи.“ Утре тој се очекува да го одигра својот 99-ти натпревар со Струга Трим Лум во натпреварите од Првата лига.

Струга заминува во Куманово со јасна цел — да ги освои трите бода и да остане во играта за врвот во шампионатот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи