Почетна
Македонија

Малолетници нападнале врсник во училишен двор во Бит Пазар

Нападот се случи на 9 октомври 2026, видеото од инцидентот е објавено на социјални мрежи, а случајот е пријавен на 15 октомври 2026.

·Македонија
Малолетници нападнале врсник во училишен двор во Бит Пазар

Група малолетници физички нападнале свој врсник во двор на основно училиште во скопската населба Бит Пазар, а целиот инцидент бил снимен со мобилен телефон и објавен на социјалните мрежи.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, нападот се случил на 9 октомври 2026 година во доцните вечерни часови, при што еден од напаѓачите му бил познат на момчето што било нападнато.

Додека траело насилството, друг малолетник го снимал настанот со мобилен телефон, по што видеото било споделено на социјална мрежа.

Пријава и натамошни мерки

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 15 октомври 2026 година, во 10:30 часот, од страна на 43-годишниот Д.Л. По пријавувањето надлежните почнале со собирање податоци за настанот.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за утврдување на сите околности и целосно расчистување на случајот.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи