Почетна
Магазин

Маргита Стефановиќ — животот и трагичниот крај на „Црната принцеза“ на Екатарина Велика

Клавијатуристката Маги се искачи до врвот на југословенската рок-сцена, а последните години од животот ѝ беа обележани со зависност, сиромаштија и изолација.

·Магазин
Маргита Стефановиќ — животот и трагичниот крај на „Црната принцеза“ на Екатарина Велика

Маргита Стефановиќ — позната како Маги — беше клавијатуристка со класично образование чиј звук остави траен печат во музиката на групата Екатарина Велика. Родена е на 1 април 1959 година во Белград, а почина на 18 септември 2002 година во Белград на само 43 години.

Од конзерваториумот до врвот на рок-сцената

Уште како дете учела пијано и подоцна студирала архитектура на Универзитетот во Белград, но музиката ѝ го одредила животниот пат. Во почетокот на осумдесеттите се приклучила на групата Катарина II, која подоцна прераснала во Екатарина Велика, и нејзините клавијатури брзо станале препознатлив дел од звукот на бендот.

Со својот специфичен изглед и дистанцирано сценско присуство таа доби и прекарот „Црната принцеза“, а заедно со Милан Младеновиќ и останатите членови учествуваше во создавањето на албуми и песни што подоцна стекнаа култен статус.

По смртта на фронтменот Милан Младеновиќ во 1994 година ЕКВ практично престана да постои. Маги подоцна работеше на други музички проекти, но следуваа тешки лични периоди: загуби, зависност, финансиски проблеми и растечка изолација.

Во крајните години од животот се наведува дека престојувала во напуштена гаража во белградското предградие Борча, а подоцна завршила и во прифатилиште за бездомници. Контрастот меѓу сценскиот сјај од минатото и суровата реалност на последните години е болна страна од нејзината биографија.

Сепак, звукот што го создаде останува: нејзините клавијатури се врежани во записи кои продолжуваат да се слушаат и да влијаат врз нови генерации. За неа е објавена биографијата „Маги – како да беше некогаш“, а посветен е и краток музички филм „Ангел на клавијатури“.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи