Марио Илиевски го одржа првиот тренинг по тешката повреда
По месеци рехабилитација од кинење тетива, Илиевски повторно се појави на тренинг на ФК Приштина и им се заблагодари на поддржувачите.

Македонскиот интернационалец и кандидат за репрезентација, Марио Илиевски, денеска по месеци рехабилитација се врати на тренинзите на својот клуб, ФК Приштина.
Приреден прием и постепено враќање
Илиевски, некогашен капитен на репрезентацијата до 21 година, имаше тешка повреда — кинење на тетивата на ногата — поради што му беше потребен долг и строг рехабилитациски процес за повторно да се врати на терен.
Денеска тој беше пречекан со аплаузи од соиграчите откако се појави на тренинг. Пред повредата, тој беше доминантна фигура во тимот: најдобар стрелец, најдобар играч и вистинска „алфа и омега“ на Приштина.
„Ете, конечно заврши и таа моја голгота со повредата. Среќен сум што сето тоа е зад мене. Убаво е да си повторно на терен. Благодарност до сите оние кои што периодов ме поддржуваа, не ме заборавија, ми праќаа пораки на поддршка. Го ценам тоа. Знам дека ме чека сега враќање во старата форма, но одиме полека чекор по чекор. Најважно е што сум здрав, што сиот овој рехабилитационен период мина најдобро. Се враќам појак од кога и да е“ – порача Марио Илиевски.
Стручниот штаб и медицинскиот тим ќе го следат неговиот напредок и ќе ја дозираат неговата работа на тренинзите додека се работи на постепено враќање во полн натпреварувачки ритам.
Фото: прес-материјал од настанот


