Маж со британско и иранско државјанство уапсен по инцидентот крај базата на РАФ во Ферфорд
27-годишник притворен под сомнение за подготовка на терористички напад; неколку лица се испрашувани, петмина ослободени со кауција.

Уапсен е дваесет и седум годишен маж, со двојно британско – иранско државјанство, под сомнение за подготовка на терористички напад, во врска со инцидентот во воената база на британското кралско воздухопловство (РАФ) во Ферфорд, Глостершир.
Уште еден маж, на возраст од 26 години, исто така бил испрашуван од полицијата за можно поврзаност со инцидентот. Петмина млади мажи на возраст од дваесетина години, кои во неделата беа уапсени во близина на базата, и натаму остануваат на слобода со полициска кауција. Сите петмина се британски државјани од Лондон.
Интензивна безбедносна операција
Полицијата за борба против тероризмот отвори голема безбедносна операција откако пристигнала пријава за „три сомнителни возила“ кои се движеле кон базата управувана од американското воено воздухопловство (USAF). Еден од мажите сам се јавил на бројот 999 околу еден час пред локален земјоделец да ја извести полицијата дека забележал „голема група“ маскирани мажи во близина на возилата.
Вики Еванс, високата национална координаторка на службата, изјави дека се разгледуваат „сите можни сценарија, вклучително и евентуална вмешаност на странска држава во овој случај“.
„Истрагата за околностите поврзани со настаните во Глостершир е исклучително сложена, а нашите специјализирани тимови истражуваата повеќе можни сценарија за случајот “, додаде Еванс. Полицијата не соопшти дополнителни оперативни детали додека траат испитувањата.
Фото: прес-материјал од настанот


