Меметриза Хамза: Респект за силниот Тиквеш, сепак Струга ТЛ оди на победа во Кавадарци!
Струга ТЛ ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци на 11.09.2026, против тим кој минатото коло го победи Шкендија со 3:1.

Денеска, 11.09.2026, со почеток во 16:00 часот во Кавадарци, Струга ТЛ оди на тешко гостување во рамки на седмото коло од Првата лига. Стружани влегуваат во дуелот во солидна серија, но ќе се соочат со моќниот Тиквеш, кој во претходното коло како гостин ја растури Шкендија со 3:1.
Хамза: Фокус, дисциплина и борбен дух
Еден од носителите во тимот, Меметриза Хамза, јасно го опиша пристапот пред натпреварот и нагласи дека атмосферата во екипата е добра и дека подготовките биле напорни и фокусирани.
„ Атмосферата во тимот е многу добра. Работевме напорно во текот на неделата и сите сме фокусирани на натпреварот. Знаеме дека нè очекува тежок натпревар, но имаме верба во себе и во групата. Се надеваме дека со нашата посветеност и дисциплина ќе го постигнеме резултатот што го сакаме утре во Кавадарци“ – изјави Меметриза Хамза, која ветува многу борба, од првата минута, па сè до крајот, за да се оствари првата победа оваа сезона на гостински натпревари.
Хамза ја препозна и силата на противникот поради последниот триумф над Шкендија, но нагласи дека Струга ТЛ поседува квалитети и ќе се бори за бодовите. „ Дефинитивно многу го почитуваме Тиквеш и знаеме дека имаат силен тим, особено по победата над Шкендија, но ние имаме свои квалитети и сила. Ќе го дадеме својот максимум од првата минута до крајот за да ја бараме првата победа на гостински терен. “ – рече Хамза, кој е подготвен утре против Тиквеш да го постигне првиот гол во првенството!
„Секогаш се трудам да го дадам максимумот за тимот, ако имам можност да постигнам гол, секако дека би било одлично, но најважно е ние како тим да го добиеме посакуваниот резултат. Се надевам дека првиот гол во сезоната ќе дојде што е можно поскоро, а зошто да не и на денешниот натпревар против Тиквеш“ заврши Хамза.
Фото: прес-материјал од настанот


