Мемфис ја декласира Голден Стејт 126:98 во нова домашна победа
Тимот на Томас Исало, без големи ѕвезди, го декласира Голден Стејт со 126:98 и го потврди впечатливиот почеток на сезоната.

На 20.11.2026 Мемфис го потврди статусот на најпријатно изненадување во НБА со убедлива победа над Голден Стејт од 126:98, при што јасно се виде отисокот на работата на главниот тренер Томас Исало.
Финскиот стратег, кој има само 44 години и пред три сезони пристигна во Мемфис по европскиот трофеј со Париз, од асистент се искачи до главен тренер и го рестартираше составот. Се раздели со играчи кои не се вклопуваа во неговата замисла, меѓу нив и Џа Морант, и ја постави фунцијата на тимската игра над индивидуалните ѕвезди.
Во мечот против Голден Стејт домашните не можешеa да сметаат на својот најдобар стрелец сезонава, Тај Џером, но неговиот отсуство го надомести Џејлин Велс со 22 поени и седум скока, додека Седрик Кауард постигна 19 поени.
Гостите исто така не беа комплетни — повторно го немаше Стеф Кари, а Чарлс Бејси беше најистакнат со 16 поени и 13 скока.
Состојби во табелата
И со ваков млад ростер, Мемфис има впечатлив скор од 12 победи и само 4 порази. Прв стрелец на тимот сезонава е Тај Џером (29) со просек од 25,4 поени и 5,3 асистенции по натпревар. На второто место се издвојува дебитантот Карлос Бузер, синот на некогашниот познат играч со истото име, со просек од 16,6 поени.
За споредба, Денвер досега има скор од 8-5.
НБА-резултати
Мемфис – Голден Стејт 126:98
Милвоки – Портланд 114:124
Минесота – Њујорк 99:102
Сан Антонио – Л.А. Клиперс 124:112
Фото: Мемфис Фејсбук


