Мицкоски: Денеска живееме подобро од пред три години, ветувам дека за три години ќе живееме подобро од денеска
Премиерот го брани работењето на Владата и најавува видливи инвестиции кои ќе го зголемат стандардот на граѓаните.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека „денеска многу подобро се живее“ отколку пред три години и ветува дека „за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денеска“, одговарајќи на забелешките на опозицијата дека растот на БДП е недоволен.
Тој ги кажа овие зборови при отворањето на новиот погон на фабриката „ВИК“ во ТИР зоната во Прилеп и ги оцени критиките од опозицијата како неаргументирани и понекогаш намерно неточни.
Месидж и позадина
Во однос на економската дискусија, Мицкоски потсети на состојбата што, според него, ја наследи владата пред околу две години: „Во случајов можам само да кажам дека имајќи предвид каква беше состојбата во државата пред 25-6 месеци, она кое што го наследивме со уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани, можам да кажам дека колку и да сакаат тие да го оцрнат тоа што денес оваа Влада го работи, ќе мора сите да се сложиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години, а јас ви ветувам дека за три години од денеска ќе се живее многу подобро од денес“, изјави Мицкоски.
Премиерот нагласи дека целта на Владата е да испорачува проекти и инвестиции кои граѓаните можат да ги видат и кои придонесуваат за подобар стандард и квалитет на живот.
„Инспирацијата целосно ја црпиме од поддршката која што ја добиваме од граѓаните и јас сум за тоа исклучително благодарен, дека е сè идеално – не е. Дека има грешки – има, кој работи знае и понекогаш да да погреши, но дека е многу подобро од пред три години мора сите да се сложиме дека е", рече Мицкоси по отворањето на погонот во Прилеп.
Фото: прес-материјал од настанот


