Почетна
Политика

Мицкоски: Нафтоводот од Солун до рафинерија е полн, имаме доволно гориво

При посетата на Чешиново-Облешево Мицкоски истакна најниски цени на горивата и негираше најави за нивелирање на струјата.

·Политика
Мицкоски: Нафтоводот од Солун до рафинерија е полн, имаме доволно гориво

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нафтоводот што го поврзува пристаништето во Солун со домашната рафинерија е наполнет и дека земјата има обезбедени количини на гориво до крајот на годината. Тој зборуваше денеска при посетата на Општина Чешиново-Облешево.

Преговори со ОКТА за дополнителен попуст

„Веќе имаме држави во Европа каде што дизел горивото и безоловниот се продаваат за над три евра, 3,2, 3,3, па дури и 3,5 евра по литар, а кај нас и дизел горивото и безоловниот 95-октански се под 1,6 евра за литар и најниска цена во Европа. И ние ќе продолжиме со таа политика. Сложена е состојбата, за жал, во светот. Честопати знам да кажам дека се наоѓаме во екот на најголемата енергетска криза што човештвото ја памети и се наоѓаме на линијата на фронто, на невидливата, би рекол и тивка, условно кажано, Трета светска војна. Сега засега се справуваме одлично, до крајот на годината сме со апсолутно обезбедени количини на сите видови на горива“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека не очекува поголеми турбуленции во наредната година, но ги очекува предизвиците. Според Мицкоски, нафтоводот кој го поврзува солунското пристаниште со домашната рафинерија е под притисок и е наполнет, што гарантира доволни количини гориво за македонските граѓани.

„Нафтоводот што го поврзува солунското пристаниште со нашата рафинерија е под притисок и наполнет. Ќе има доволни количини на гориво за македонските граѓани. И не само за македонските граѓани, бидејќи имаме најниска цена за горивата, граѓаните од соседните земји доаѓаат, полнат кај нас, со што двојно се зголеми конзумот на дизел, посебно во пограничните места“, рече тој и додаде дека продолжуваат преговорите со ОКТА за дополнителен попуст.

Мицкоски ги оцени како шпекулации информациите за нивелирање на цената на електричната енергија до крајот на годината и рече дека такво нешто нема да има. „Останува истата цена откако сме како Влада избрани“, потенцираше тој.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи