Мицкоски: Одморот ќе го поминувам во Белгија — четири дена во Бриж и четири во Брисел
Мицкоски со семејството ќе помине една недела во Белгија — четири дена во Бриж и четири дена во Брисел; на 4 мај претходно ги повика граѓаните да одмораат во Македонија по воведувањето на ЕЕС.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека годишниот одмор ќе го помине во Белгија, во друштво на семејството, а временскиот распоред ќе го подели меѓу Бриж и Брисел.
„Во суштина нема да имам класичен одмор, ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам една недела во Белгија, четири дена во Бриж и четири дена во Брисел“, рече Мицкоски одговарајќи каде ќе го помине летниот одмор на новинарско прашање при посетата на болницата во Битола.
ЛЕТУВАЈТЕ НА НАШИТЕ ПЛАНИНИ И ЕЗЕРА, РЕЧЕ МИЦКОСКИ ЗА ГУЖВИТЕ НА ГРАНИЦИТЕ ПОРАДИ НОВИТЕ КОНТРОЛИ НА ЕУ
Контекст и претходни изјави
На 4 мај Мицкоски ги повика македонските граѓани да ги поминат летните годишни одмори во Македонија откако Европската Унија воведе дигитална евиденција на патниците од земјите кои не се членки на Шенген зоната. Тој ја даде изјавата во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по панихидата по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.
„Јас не би коментирал апсолутно премногу за тоа, за тој начин на однесување. Имаме одредени разговори во рамките на Европската Унија како би се тоа надминало, но ако претставуваат проблем летните годишни одмори, имаме прекрасни езера, имаме прекрасни планини, имаме прекрасни места во Македонија. Јас ги повикувам македонските граѓани да ги поминат своите летни годишни одмори на македонските планини и езера, на македонските села, затоа што имаме прекрасна земја и самите треба да си ја чуваме затоа што втора резервна немаме“, рече Мицкоски на 4 мај во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по панихидата за 123 години од смртта од Гоце Делчев.
Белгија е дел од Шенген зоната и од 10 април и на тамошните гранични премини се применува новиот „Влез -излез“ (ЕЕС) дигитален систем за регистрација на патници од трети земји. Минатата година Мицкоски беше на одмор од 4 до 10 август во Хрватска; од Скопје за Сплит летал со комерцијален лет, а назад се вратил со владиниот авион бидејќи го пропуштил летот на „Кроација ерлајнс“.
Фото: СДК.МК)