Почетна
Македонија

Министерството и ЦУК потпишаа меморандум за пилот за рано откривање пожари на депонии

Пилот‑систем со камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе се тестира една година, а ЦУК ќе врши 24‑часовен мониторинг.

·Македонија
Министерството и ЦУК потпишаа меморандум за пилот за рано откривање пожари на депонии

Објавено: 27 септември 2026 — Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, и Владимир Буревски во име на компанијата Moдирум Платформс од Скопје потпишаа меморандум за соработка за воспоставување пилот‑систем за рано откривање пожари на депонии.

Систем со камери, видеоаналитика и 24‑часовен мониторинг

Со потпишаниот меморандум се поставува рамка за реализација на пилот‑систем за видео‑мониторинг на депонии кој преку современи камери, интелигентна видеоаналитика и вештачка интелигенција ќе овозможи навремено откривање на чад, пожар и други ризици.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) ќе обезбедува 24‑часовен мониторинг и ќе ги известува надлежните институции при идентификување на ризик, со што се овозможува побрзо реагирање и подобра координација.

Moдирум Платформс ќе ги обезбеди опремата за системот за привремено користење во период од една година, како дел од својата поддршка на иницијативи од јавен интерес за заштита на животната средина, превенција на ризици и унапредување на јавната безбедност.

Министерството истакнува дека проектот има за цел унапредување на примената на современи дигитални технологии со фокус на превенција, рано предупредување и поефикасно реагирање. Резултатите од пилот‑фазата ќе послужат како основа за разгледување на можностите за проширување на системот на национално ниво.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи