Младинците до 15 ја победија Естонија во Струмица
Младинците до 15 години ја победија Естонија со 1:0; Леис Факиќ го постигна голот во 40. минута.

Младинската репрезентација на Македонија до 15 години ја победи Естонија со 1:0 во вториот натпревар од развојниот турнир на УЕФА што се игра во Струмица и Турново.
Избраниците на селекторот Горан Георгиевски доминираа во голем дел од натпреварот и создадоа неколку чисти шанси, но реализираа само една, иако двапати ја погодија пречката на гостинскиот гол.
Натпреварот беше решен во финишот од првото полувреме: во 40. минута Леис Факиќ погодил за водство кое остана до крајот.
Судија на средбата беше Јордан Јовановски, со помошници Иван Танев и Стефан Митров, а четврти судија беше Блаже Петковски. Натпреварот се одигра на Тренинг центар „Горан Пандев“ (Струмица). Стрелец: Леис Факиќ 40 минута.
МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА 1:0 (1:0)
МАКЕДОНИЈА: 1. Давор Грабуловски, 2. Артан Рамадани (7. Леис Факиќ 35), 4. Калин Арсовски (10. Габриел Фударски Митев 35), 5. Максим Мечкаровски, 5. Марко Мартиновски (17. Џемал Алили 79), 11. Стефан Шилковски (13. Стефан Дрндаровски 79), 14. Леонид Ристов (3. Стефан Петковски 35), 16. Хари Папиќ, 18. Адем Вукељ (9. Ангел Симоновски 46) (15. Ненад Јовановиќ 87), 20. Огрес Елези (19. Аник Исуфи 46), 21. Убеит Муадини (8. Амир Бафтијари 46).
Во последниот дуел на турнирот, Македонија в среда ќе игра против репрезентацијата на Украина.
Фото: прес-материјал од настанот