Младинска ЛШ: Брера го пречекува Хофенхајм на 28 октомври
По историското вкупни 11:0 против Санта Колома, Брера следен противник му е Хофенхајм, прв меч на 28 октомври.

Брера ќе се соочи со Хофенхајм во рамките на второто квалификациско коло од младинската Лига на Шампионите, откако младинската екипа од Струмица ја помина претходната рунда со вкупни 11:0 против Санта Колома.
Двомечот со германскиот тим е закажан така што Брера ќе игра како домаќин на 28 октомври, а ревансот ќе се одигра на 4 ноември.
Следна фаза
Победникот од дуелот Брера–Хофенхајм во третото квалификациско коло ќе го сретне подобриот од двомечот ПАОК – Зрињски. Тој двомеч е закажан за 25 ноември и 9 декември.
Брера испиша историја како прв клуб од Северна Македонија кој помина едно коло во квалификациите на младинската Лига на Шампионите и сега го очекува нов предизвик против германската фудбалска академија.
Навивачите и фудбалската јавност ќе следат со внимание дали младите струмичани ќе покажат дека и во Македонија се произведува квалитетен фудбал.
Фото: denot / Facebook


