Мултимедијален спектакл „Силно светнал ден“ вечерва на Плоштад Македонија
Спектаклот „Силно светнал ден“ со над 120 артисти го раскажува патот на Македонија низ 35 години независност.

Вечерва на Плоштад Македонија во Скопје ќе се одржи мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, во рамки на одбележувањето на јубилејот „35 години независност на Македонија“. Во настанот учествуваат повеќе од 120 артисти, a програмата ги поврзува музиката, глумата и танцот за да ја прикаже приказната за изминатите три и пол децении.
Спектаклот е најавен да почне во 20:00 часот и ќе ги истакне најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од независноста.
Караван и национална турнеја
Караванот „Силно светнал ден“ стартуваше од Охрид на 9 август и досега ја посети низата од 11 градови низ земјата. Во реализацијата се вклучени познати македонски музички изведувачи и актери кои го придружуваат проектот на неговото патување.
Централниот момент од прославата ќе биде на 8 Септември, Денот на независноста, кога на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи светски познатиот ди-џеј и продуцент на хаус музика David Guetta. Тој е најавен да настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.
Музичката програма за обележувањето на 35-годишнината е подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.
Фото: прес-материјал од настанот


