Мурињо: „Реал има шест бода во ЛШ, така да не ме интересира што вие пишувате“!
Тренерот призна грешки во почетниот дел, но го оцени резултатот поважен и го критикуваше беспрецедентното известување за суспензијата.

Синоќа, на „Олимпико“ во Рим, во меч од 2.коло во Лигата на шампиони, Реал Мадрид ја победи Рома со 4:3. По завршувањето на натпреварот, Жозе Мурињо ја презеде одговорноста за слабата игра на својот тим во поголем дел од средбата, но ја бранеше победата и играчите.
За тактика и дисциплина
„Одговорноста за првиот дел од натпреварот е моја, а заслугата за крајот им припаѓа на играчите “, рече Мурињо на прес-конференцијата по големата победа на мадридскиот клуб, признавајќи ја лошата прва фаза, но и позитивниот завршеток.
Португалскиот стратег призна дека неговите тактички одлуки влијаеле на развојот на средбата и посочи дека Реал изгледал постабилно по паузата. Исто така, изрази сожалување за големата пропуштена шанса која можела да го промени текот на дуелот.
За резултатот додаде: „Победивме со 4:3, но сега ќе се каже дека игравме лошо првите 80 минути. Во меѓувреме, освоивме шест бода против Рома и Интер, па затоа не ни е гајле што мислат другите, ниту што пишувате“, нагласувајќи дека бодовите против Рома и Интер се пресудни.
Мурињо беше особено остар кога зборуваше за суспензијата на Винисиус Жуниор, поставувајќи прашања за моментот и начинот на донесување на казната: „Не мислам дека е нормално играч да дознае два часа пред натпреварот дека е суспендиран на четири натпревари. Не е нормално играч практично да се уништи себеси пред натпреварот“ , критикувајќи го целокупното постапување околу случајот непосредно пред важен натпревар.
Фото: прес-материјал од настанот


