Почетна
Македонија

МВР со засилени контроли на брзината од 3 до 9 август во рамки на акцијата на ROADPOL

Секторот за сообраќајни работи ќе спроведува интензивни контроли од 3 до 9 август, насочени кон возачи кои ја пречекоруваат дозволената брзина.

·Македонија
МВР со засилени контроли на брзината од 3 до 9 август во рамки на акцијата на ROADPOL

Министерството за внатрешни работи информира дека и во текот на претстојниот викенд ќе продолжат засилените контроли на брзината, во рамки на координираната европска акција на Европската мрежа на сообраќајни полици – ROADPOL.

Секторот за сообраќајни работи спроведува интензивни контроли

Од МВР соопштија дека во периодот од 3 до 9 август Секторот за сообраќајни работи спроведува интензивни контроли насочени кон откривање и санкционирање на возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената.

Министерството посочува дека прекумерната брзина е една од најчестите причини за тешки сообраќајни незгоди со сериозни последици и дека секое пречекорување на ограничувањето го зголемува ризикот од сообраќајна несреќа и ја намалува можноста за навремена реакција.

МВР апелира до возачите да ја намалат брзината, да ја приспособат на условите на патот и да управуваат со возилата одговорно.

– Почитувањето на ограничувањата значи поголема безбедност за вас, за вашето семејство и за секој друг учесник во сообраќајот. Нашата цел е една – секој човек безбедно да стигне до својата дестинација. Намали брзина. Спаси живот – наведуваат од МВР.

Од Министерството потсетуваат дека акцијата е дел од меѓународните активности за зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на бројот на жртви на патиштата.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи