Почетна
Македонија

На Денот на рударите: Азески во Дебар на средби со дипломати и бизнисмени

Претседателот на Стопанската комора посети Св. Јован Бигорски, подари слика и се сретна со дипломати и бизнисмени во Дебар.

·Македонија
На Денот на рударите: Азески во Дебар на средби со дипломати и бизнисмени

На Денот на рударите, 28 август, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески беше во Дебар каде оствари низа средби со дел од дипломатскиот кор и бизнисмени од регионот.

Посетата започна во манастирот Св. Јован Бигорски, каде Азески и делегацијата го разгледаа храмот и манастирските одаи. По повод посетата и во пресрет на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, претседателот подари уметничка слика на манастирот.

Неформалното дружење продолжи во релаксирана атмосфера на езерото во хотелот Цами во Дебар, каде акредитирани дипломати, регионални бизнисмени и истакнати личности од регионот разменуваа мислења за прашања од интерес за бизнисот и економскиот амбиент. Во разговорите беше посочено дека дел од актуелните амбасадори наскоро се враќаат во своите земји за други државни позиции, што отвора простор за дополнително продлабочување на соработката со Македонија и со земјите од Западен Балкан.

Со порака за развој на секторот

Азески ја потенцираше улогата на Комората во поддршката на рударскиот сектор. Во рамки на организационата поставеност на Комората делува Македонската асоцијација за рударство – МАР, која ги обединува најголемите компании кои учествуваат во креирањето на БДП и чии членки иднината на развојот на секторот ја гледаат преку безбедно, модерно и одговорно користење на природните ресурси со конкретни придобивки за локалните заедници и целата економија.

„Рударството е значаен дел од македонската економија, но неговиот иден развој мора да се темели на јасни правила, засилен институционален надзор, поголема безбедност, современи технологии и конкретни придобивки за средините во кои се врши експлоатацијата”, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

На средбите беа презентирани и официјални податоци според кои во 2025 година во Македонија се произведени 130.174 тони бакарен, оловен и цинков концентрат; рударството учествуваше со 10,9 проценти во индустриското производство и со 2,8 проценти во вкупниот македонски извоз. Беа споменати и Стратегијата за минерални суровини, која треба да обезбеди јасна и долгорочна насока за развојот на секторот по повеќе децении без концепт.

По повод Денот на рударите и религиозниот празник на 28 август, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески упати честитки до вработените во рударскиот сектор, компаниите, институциите, како и до научната и академската заедница, и им го честиташе празникот на верниците од православната вероисповед.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи