Почетна
Македонија

На премин „Богородица“ запленети седум змии, меѓу нив и отровна

Царинските службеници спречија обид за нелегален увоз; против возачот е покрената постапка.

·Македонија
На премин „Богородица“ запленети седум змии, меѓу нив и отровна

Царински службеници на граничниот премин „Богородица“ запленија седум млади рептили при контрола на возило управувано од косовски државјанин, соопшти Царинска управа.

Според соопштението, животните биле претходно спакувани во кутии и марами и ги криеле под седиштето со намера нелегално да ги внесат во државата. Меѓу запленетите се наведени два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон „Short tailed“, еден питон „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“, а меѓу отпленетите е и отровната змија „Baron sneake“.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции

Царинската управа информира дека влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот е поведена соодветна постапка.

„Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес – додаваат од Царинска управа.“

Од Управата не ги објавија дополнителните лични податоци за возачот, а контролите на граничните премини, велат, остануваат засилени во рамките на напорите за спречување на нелегалната трговија со диви животни.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи