Надежите почнаа подготовки во Крушево за Зонските квалификации за ЕП 2027
Тимот до 20 години тренира во Крушево пред квалификациите во Софија, кои се одржуваат од 25 до 29 август.

Попладнево во Крушево стартуваа подготовките на македонската машка репрезентација до 20 години за Зонските квалификации за Европското првенство 2027.
Оваа генерација одбојкари, која минатата година настапи на Европските младински олимписки игри, годинава добива првична можност да настапи во континентални квалификации. Тимот ќе тренира во Крушево до заминувањето за Софија.
Селекторот Јован Шапе ќе ги има на располагање сите играчи кои ги повика во следните дваесет дена, додека подготовките се насочени кон настапот на квалификациите во Софија од 25 до 29 август.
“ Верувам во Вас, затоа сте селектирани и сте тука. Не чека напорна работа“ – ги поздрави младите одбојкари селекторот Шапе и продолжи: „Верувам дека ќе бидете совесни, одговорни и дисциплинирани, и ќе ја искористите шансата која ја имате затоа што вие сте иднината на македонската одбојка. Првпат една млада репрезентација има можност да игра едни европски квалификации и без разлика на противниците се надевам дека ќе се покажеме во добро светло.”
Во Зонските квалификации македонскиот состав ќе има силни ривали: Русија, Белорусија, Србија, Турција и Бугарија. Натпреварите ќе се играат по системот „секој со секого”.
Бројот на екипи кои ќе се пласираат во следната фаза ќе зависи од бројот на пријавени екипи во другите пет Зонски квалификации.
Фото: прес-материјал од настанот