Надзорна расправа за Алта банка продолжува утре — претседателката нема да присуствува
Кабинетот потврдува дека Гордана Сиљановска Дафкова ја добила поканата, но организациски причини поврзани со настан во Охрид ја предупредуваат од присуство.

Надзорната расправа за Алта банка во Собранието продолжува утре, но претседателката Гордана Сиљановска Дафкова нема да присуствува, потврди кабинeтот.
Од Кабинетот објаснуваат дека претседателката ја добила поканата, но поради организациски причини поврзани со настан што ќе се одржи в петок во Охрид нема да може да присуствува.
Кабинет на Претседател на Р.С.М
"Вистина е дека Претседателката Гордана Сиљановска Дафкова ја доби поканата за да присуствува на надзорната расправа која ќе се одржи во среда во собранието во врска со Алта - Банка но на истата нема да се појави од оправдани причини . Имено поради настанот кој се оддржува в петок во Охрид на кој се поканети и гости - дел од делегациите ќе пристигнат и порано така што организацијата на овој настан е причината поради која претседателката ќе биде спречена да присуствува на надзорната ."
Кои ќе дојдат и што следи
Сања Лукаревска, претседателка на Комисијата за финансирање и буџет, во кратка изјава за медиумите рече дека дел од поканетите уште не го потврдиле присуството дури и по втор пат, но нагласи дека тоа не значи дека расправата ќе заврши тука и дека не се исклучува можноста да почнат да се носат заклучоците.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека надзорната ја реализирала својата цел и дека сега следува изготвување на заклучоците, при што, како што рекоа, очекуваат опозициската СДСМ да не се стреми повторно кон сеење страв и паника за ситни политички поентирања.
Левица уште претходно предупреди дека, иако ќе учествува, не очекува голем епилог и се плаши дека на крајот сето тоа ќе се сведе на театар за јавноста. Присуството на албанскиот опозициски блок на минатата расправа беше речиси сведено на минимум, на што реагираше и владејачката Вреди и обвинуваше за наводна поврзаност на ДУИ и релации со српската банка.
На претходната седница меѓу оние кои седнаа на клупата за поставување прашања беа и премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на НБРМ Трајко Славевски и министерката за финансии Кочовска.
Фото: прес-материјал од настанот


