Почетна
Балкан

Најголемо зголемување на градското население од 1960 до 2025 имаше Црна Гора

Уделот на урбаното население во Црна Гора достигна 65,61% во 2025, најголемо зголемување меѓу државите од поранешна Југославија.

·Балкан
Најголемо зголемување на градското население од 1960 до 2025 имаше Црна Гора

Во периодот од 1960 до 2025 година најголемо зголемување на уделот на градското население меѓу државите што произлегоа од поранешна Југославија забележа Црна Гора. Податоците за овој период откриваат долгогодишен преселбен процес од селата кон градовите.

Факти и локални објаснувања

Уделот на урбаното население во Црна Гора во 2025 година изнесувал 65,61 отсто, што претставува зголемување од 41,04 процентни поени во споредба со 1960 година. Ова го одразува интензивното напуштање на руралните средини и преселување во градовите.

„Два фактори довеле до таква состојба. Пресудна е индустријализацијата, а вториот фактор се слабите ресурси за одржување на некоја дејност поврзана со селото. Останале еден дел од жителите на село, но не сите. Карактеристично за Црногорците е дека во почетокот на 20-ти век оделе на печалба во странство, па дури заминувале и во Јужна Америка. Црногорската заедница од Македонија е во контакт со сите други заедници во странство. Во селата во Црна Гора кои се покрај автопат се враќаат некои луѓе, инфраструктурата си го прави своето, а онаму каде нема вода тоа е тешко. Се прават кампови за странци во руралните села и тоа е еден чекор напред“, велат од Црногорската заедница во Македонија.

„Иста е ситуацијата како кај нас. Сега во северниот дел кај Жабјак се развиваат селата со селски туризам. Имам пријателка која од приморје замина во Колашин и во зима си е таму, а планира и во лето таму да престојува, си издава викендица. Има села кај Никшиќ кои се испустени, но има и села кои се живи и тие се таму каде што има природни убавини, кај реката Тара на пример“, рече Милошевски.

Во другите држави од регионот растот беше помал или понерамномерен. Уделот на урбаното население во Северна Македонија во 2025 година изнесувал 62,89 отсто, што е зголемување од 28,88 процентни поени во однос на 1960 година. Во Србија уделот беше 62,64 отсто во 2025 година, со пораст од 33,58 процентни поени.

Во Словенија уделот на урбаното население минатата година изнесувал 55,99 отсто, што претставува зголемување од 27,74 процентни поени од 1960 година. Во Хрватска уделот во 2024 година изнесувал 57,52 отсто и се зголемил за 27,39 процентни поени во однос на 1960 година, додека во Босна и Херцеговина уделот во 2025 година бил 52,69 отсто, следејќи постојан нагорен тренд и пораст од 33,69 процентни поени во однос на 1960 година.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи