Најмалку двајца загинати при руски напад врз Криви Рог
Во синоќешниот напад во Криви Рог загинаа дете и 20-годишно девојче, а властите пријавуваат големи материјални штети.

Најмалку двајца загинаа, а 60 лица се ранети во руски напад врз Криви Рог, осмиот најголем град во Украина и родниот град на претседателот Володимир Зеленски, објавија локалните власти.
Олександр Вилкул, шефот на градската администрација, напиша на Телеграм дека во синоќешниот напад загинаа седумгодишно дете и 20-годишно девојче.
Олександaр Гања, шеф на регионалната воена администрација, соопшти дека 60 лица се ранети, вклучувајќи шест деца. Нападот предизвика четири пожари и оштети околу 25 станбени згради, болница, училишта, индустриски објект, деловни простории и возила, рече Вилкул.
Други напади во државата
Украинските служби за итни случаи соопштија дека во регионот Харков руски дрон удрил во петкатна станбена зграда, при што биле повредени 11 лица, меѓу кои и две деца. Исто така, според таа служба, едно лице е рането во руски напад врз Киев.
Руски локални власти пријавија дека во пограничните области Брјанск и Белгород се повредени три лица во наводни напади со украински беспилотни летала.
Нападите повторно ги погодија цивилите и инфраструктурата во повеќе региони и ја потсетуваат јавноста на продолжените борбени дејства во Украина.
Фото: прес-материјал од настанот


