Наредена масовна евакуација, Тојота затвори девет фабрики откако тајфунот Делфин ја погоди Јапонија
Речиси 260.000 луѓе добија наредба за евакуација откако тајфунот Делфин ја погоди југозападната обала на Јапонија.

Властите на југозападот на Јапонија наредија евакуација за речиси 260.000 луѓе откако тајфунот Делфин го погоди подрачјето на Окинава, Амами и делови од Кјушу, носејќи разорни ветрови, обилни дождови, поплави и свлечишта.
Сообраќајот е сериозно нарушен: откажани се над 500 летови, а автомобилскиот гигант Тојота ја прекина работата во девет фабрики во погодените региони. Метеоролозите забележаа максимална брзина на ветерот во близина на центарот од 144 км./ч., додека ударите достигнаа и 198 км./ч.
Посебно тешка е состојбата во префектурата Кумамото, која сè уште се опоравува по неодамнешниот земјотрес со магнитуда од 7,1 степен. Локалните власти предупредуваат на можна појава на поплави и свлечишта кои би можеле да нанесат дополнителни штети на веќе ослабена инфраструктура.
Постапки за заштита
Тајфунот се движи кон запад и се очекува да помине северно од Тајван, поради што и тајванските власти ги подигнаа нивото на внимателност. Екипи за итни интервенции и центри за евакуација се подготвуваат во погодените префектури.
Во објава на твитер-акaунтот Везер Монитор се вели: „Тајфунот Делфин во моментов ја погодува Окинава, Јапонија, носејќи силен ветер и обилни врнежи кон регионот.“
Властите повикуваат граѓаните да ги следат налогот за евакуација и да останат подалеку од реки, стрмни падини и други ризични места додека трае невремето и се извршуваат проценки на штетите.
Фото: прес-материјал од настанот