Почетна
Свет

НАСА го прикажа Крим како дел од Русија во пренос од затемнувањето

Гледачи реагираа откако карта во живо ја прикажуваше границата меѓу Крим и остатокот од Украина без означување на линијата кон Русија.

·Свет
НАСА го прикажа Крим како дел од Русија во пренос од затемнувањето

НАСА предизвика реакции за време на live-преносот од затемнувањето на Сонцето на 13 август 2026 година, откако графика во емисијата го прикажа Крим како дел од Русија. Највидливи беа картите со патеките и локациите каде затемнувањето можеше да се набљудува.

НАСА го пренесуваше настанот додека целосното затемнување на Сонцето можеше да се набљудува од Гренланд, Исланд, северна и централна Шпанија и делови од Португалија. Графиката во преносот содржеше мапа на Европа на која беше прикажана граница меѓу Крим и копнениот дел на Украина, но немаше означена граница меѓу полуостровот и Русија.

Реакции и повици за корекција

Гледачите на социјалните мрежи реагираа и во коментарите прашуваа дали НАСА „има проблем со меѓународното право“. Во еден твит беше иронично напишано: "Донесете друго НАСА, ова е расипано. За време на преносот на сончевото затемнување НАСА го прикажа украинскиот Крим како руски. А велат дека затемнувањето не влијае на луѓето…"

Многумина ги повикаа авторите на преносот да ја ажурираат мапата и да ја прикажат меѓународно признатата територија на Украина. Случајот отвори расправа за тоа какви обврски имаат меѓународните емитери при прикажување на географски и политички граници.

Русија го окупираше Крим во 2014 година, но Украина и мнозинството земји во светот не ја признаваат анексијата на полуостровот. Украина годинава ослободила 745 квадратни километри окупирана територија, тврди Зеленски.

Фото: Принтскрин / Јутуб/NASA

Поврзани написи