Насилни протести во Италија — најжестоки судири во Милано
Маскирани млади со пиротехника се судрија со полицијата на плоштадот Дуомо; најмалку 4 полицајци повредени, над 50 уапсени.

Масовни протести против високите трошоци за живот во Италија попладнево ескалираа во судири со полицијата, а најжестоко било во Милано каде групи маскирани млади момчиња, облечени во црно, на плоштадот Дуомо ја гаѓале полицијата со пиротехника и поставиле барикади.
Судири во северните градови и апсења
Полицијата во Милано првично се повлекла додека не пристигнало засилување. Само во Милано се повредени најмалку четворица полицајци и 20 учесници на протестите. Уапсени се повеќе од 50 луѓе, од кои половината се малолетници.
Слични судири во кои демонстрантите фрлаа камења и пиротехника против полицијата избувнаа и во Торино, Болоња и Бергамо.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го осуди насилството, додека левичарскиот градоначалник на Милано, Џузепе Сала, исто така ги осуди немирите, но изрази и разбирање за незадоволството на луѓето.
„Причините за протестот беа разбирливи. Но, насилството врз полицијата и големата штета нанесена на градот не можат да се оправдаат“, изјави Сала.
Незадоволството е поттикнато од инфлацијата, високите цени на бензинот и дизелот и острата станбена криза во големите градови, што особено ги зафаќа домаќинствата со ниски и средни приходи.
Фото: Принтскрин


