Почетна
Свет

НАТО: Русија не смее да упаѓа со дронови во воздушниот простор на Полска и Романија

Сојузниците ја изразија поддршката и повикаа на зајакнување на одбранбените капацитети по серијата нарушувања и инцидентот од 29 јули.

·Свет
НАТО: Русија не смее да упаѓа со дронови во воздушниот простор на Полска и Романија

Сојузниците во НАТО денеска изразија солидарност со Романија и Полска на состанок посветен на неодамнешните нарушувања на воздушниот простор на двете земји и предупредија кон Москва против понатамошни упади со беспилотни летала.

Сојузниците го осудија нарушувањето и најавија мерки

Во последните недели неколку дронови го нарушија воздушниот простор на Романија, а претседателот Никeушор Дан тоа го опиша како „недозволиво и неподносливо.“ Инцидентите ја натераа Алијансата да разгледа зголемување на надзорот и одвраќањето долж источниот раб на НАТО.

На 29 јули крстосувачка ракета падна на полска територија. Полскиот премиер Доналд Туск појасни дека вооруженото беспилотно летало паднало на 50 километри од градот Лублин и дека „веројатно“ било руско. Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го оцени инцидентот како „Овој инцидент е уште еден несовесен чин на Русија и опасна последица од нејзината војна против Украина".

Портпаролката на НАТО, Алисон Харт, соопшти дека сојузниците ја изразиле солидарноста со Романија и Полска поради нарушувањата на воздушниот простор и ја осудиле Русија за нејзините „несовесни дејствија.“ Сојузниците повториле дека Русија носи целосна одговорност за нарушувањата, нагласувајќи дека тие се опасни, неприфатливи и покажуваат дека Москва сè повеќе го прифаќа ризикот.

Тие ги потврдиле и своите обврски кон Украина, додека целосната руска инвазија влегува во петтата година, и истакнале дека одбраната на Украина придонесува и кон безбедноста на НАТО и дека неодговорните постапки на Русија нема да ги поколебаат.

Романскиот амбасадор во НАТО, Дан Некулаеску, рече дека на состанокот ја нагласил потребата сојузниците да продолжат да придонесуваат кон воените капацитети кои ќе им овозможат на Букурешт и на НАТО поефикасна одбрана. „Исто така, изразив солидарност со нашите полски пријатели, додека продолжуваме да ја координираме одбраната на Источното крило", посочи тој.

Полскиот министер за одбрана, Владислав Косинијак-Камиш, изјави дека Алијансата покажала јасна солидарност и подготвеност за преземање „нови дејствија" за зајакнување на безбедноста, особено долж источните граници на НАТО и во регионот на Балтичкото Море.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи