Не функционира електронскиот систем на Фондот на ПИОМ, за "лице место" податоци не одете
Административните служби работат и издаваат документи, но пристапот до базата е оневозможен; техничките тимови очекуваат решение утре или во наредните денови.

Веќе неколку денови не функционира електронскиот систем на Фондот за ПИОМ, поради што е оневозможен пристапот до централната база на податоци.
Администрацијата работи, но пристапот до базата е блокиран
Неофицијално, стручни тимови работат на отстранување на проблемот. И покрај тоа, административните служби на Фондот примаат и издаваат документи на лице место.
Меѓутоа, вработените немаат можност да влезат во електронските записи, па сите услуги што бараат проверка во базата моментално се нефункционални. Така, на пример, ако некој посакува да извади податоци за стаж "лице место", не треба да оди во филијалите на ПИОМ со очекување дека ќе добие податоци веднаш.
Точно време за отстранување на дефектот не може да се прецизира, но се очекува разрешување утре или во наредните денови.
Фондот за ПИОМ веќе подолг период укажува на потреба од модернизација на системот, што оваа прекин ја става повторно во фокусот.
Граѓаните кои имаат потреба од услуги зависни од базата на податоци треба однапред да контактираат со локалната служба на ПИОМ.
Фото: Архива на Слободен печат