Недостигаат 7.813,49 кг медицински канабис во Борисово, поднесени кривични пријави
При проверка со комисија на Министерството за здравство утврдени се пропусти во документацијата и недостиг од 7.813,49 кг сув цвет; обвинети фирмата и управителот В.К.

При контрола во фирма за одгледување медицински канабис во селото Борисово, општина Ново Село, беше утврден недостиг од скоро 7.813,49 килограми сув цвет од медицински канабис.
Од СВР Струмица информираат дека проверката била спроведена заедно со претставници на надлежната комисија при Министерството за здравство и дека биле констатирани неправилности во документацијата за ангажираниот кадар, како и недостиг на друга задолжителна документација.
Во просториите каде што бил складиран сувиот цвет бил утврден недостиг од 7.813,49 килограми за кои фирмата немала соодветна документација со која би ја оправдала количеството.
Поднесени кривични пријави
Кривични пријави се поднесени против правното лице од Борисово и против неговиот управител В.К., кој живее во Струмица. Тие се товарат за кривични дела според член 95-в, ставовите 1 и 2 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.
Надлежните органи продолжуваат со постапката за целосно документирање на случајот и утврдување на околностите што довеле до недостигот.
Фото: прес-материјал од настанот


