Почетна
Спорт

Несторовски: Ако и затребам на Македонија, јас сум тука

На 36 години Несторовски има седум гола сезонава и вели дека останува достапен за репрезентацијата.

·Спорт
Несторовски: Ако и затребам на Македонија, јас сум тука

Илија Несторовски, искусниот македонски фудбалски интернационалец, на 36 години доживува нов подем — сезонава веќе седум пати се запиша во листата на стрелците и е трет во табелата на стрелци во ХНЛ.

Форма и опција за репрезентација

И покрај годините, Несторовски покажува конзистентност и професионален пристап кој, како што вели, повеќе наликува на играч кој допрва почнува отколку на оној што е на залезот на кариерата.

Во опширно интервју тој се осврна на кариерата и на единствената поголема жал — што повредата му ја ускрати можноста да настапи на Европското првенство. Тој рече: "Навистина, постигнав сè. Единствено, можеби кога станува збор за Македонија жалам што не можев да настапам на тоа Европско првенство. Но, тоа е што е. Се појави таа повреда и тоа е тоа. Инаку, сè друго остварив. Играв во петте најсилни лиги и таму постигнував голови – сè беше навистина одлично. Освен тоа Европско првенство, за кое навистина жалам, но тоа е минато – одиме понатаму. Можеби сега следува Светско првенство, доколку повторно добијам повик за националниот тим – со оглед на тоа што се вратив во добра форма никогаш не се знае" – вели Несторовски па додава.

Тој остави отворена врата за повторен повик во репрезентацијата: "Па, секогаш имам надеж. Продолжувам да тренирам, продолжувам да играм и никогаш не сум се откажал од националниот тим. Ако стигне повик, секогаш сум на располагање за Македонија, да се игра за Македонија за сопствената земја е вистинска гордост. Така што, секогаш им стојам на располагање. Забележав дека во последните години не добивав повици, но тоа воопшто не е проблем. Всушност, тоа ми дава повеќе време за семејството за време на репрезентативните паузи. Но, ако по овие одлични настапи некој се сети на мене па, во ред, тука сум."

Како еден од најплодните голгетери во историјата на македонскиот фудбал, Несторовски со својата актуелна серија во ХНЛ повторно ја привлекува вниманието за можно учество во идните репрезентативни предизвици, вклучувајќи и натпревари поврзани со квалификации за Светското првенство.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи