Почетна
Македонија

Николоски: Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза

Николоски: Во тек е најобемниот инвестиционен циклус за патната и железничката мрежа; стручните инженери ќе бидат решавачки за реализацијата.

·Македонија
Николоски: Изградбата на патиштата и железниците се невозможни без експертиза

Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, истакна дека стратешката позиција на Македонија — на пресекот на коридорите 8 и 10 — ја прави земја од големо значење за европскиот транзит, и дека изградбата и модернизацијата на патната и железничката мрежа не може да се реализираат без јакa инженерска експертиза.

На научната конференција Eurock 2026, што ја организираа Друштвото за геотехника на Македонија и Градежниот факултет во Скопје, Николоски го опиша најобемниот инвестициски циклус во државата — неколку милијарди евра наменети за изградба и модернизација на патиштата и железниците.

Инженерите како клучни партнери во проектите

Николоски посочи дека во вакви услови инженерската експертиза има силно влијание врз реализацијата на проектите и дека техничките решенија и проценките на ризикот се пресудни за успешна имплементација.

Тој го нагласи и престижот што го носи фактот што Скопје годинава е домаќин на една од најголемите светски средби во градежништвото и оцени дека таквите настани ќе ја зајакнат домашната академска и стручна сцена.

"Скопје и Македонија имаат чест да се домаќини оваа година и тоа не е случајно, тоа е заради победата која што во 2023 година Градежниот факултет ја однесе на собирот во Салцбург, каде што го освои првото место во делот на иновативност и затоа оваа година овој собир се случува во Скопје. Навистина е прекрасно да се видат некаде околу 600-тини професори од целиот свет, од сите делови на светот како дискутираат за најголемите инженерски предизвици кои што се во делот на градежништвото, нешто што секако ќе помогне многу и на нашиот факултет и на нашите професори и научници кои што секако ќе ни помогнат и на нас да реализираме уште повеќе проекти, напомена Никolosки."

Министерот подвлече дека директната размена на искуства помеѓу странските експерти и домашните инженери ќе придонесе за подобра подготовка на проектите, реална проценка на ризиците и воведување на современи технички решенија во транспортната мрежа.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи