Почетна
Македонија

Николоски: Проблемот со превозниците се решава со потпишување билатерални договори, се очекува таков и со Австрија

Министерот за транспорт рече дека долгорочни визи и договори со земји од Шенген ќе овозможат непречен проток на стоки и ќе ја решат главната поплака на превозниците.

·Македонија
Николоски: Проблемот со превозниците се решава со потпишување билатерални договори, се очекува таков и со Австрија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на Македонско-австрискиот бизнис‑форум во Скопје истакна дека за решавање на проблемите со македонските превозници се работи на потпишување билатерални договори со земји од Шенген-зоната.

„Решението е едноставно, но во суштина комплицирано. Мора да се направат што повеќе договори со повеќе држави. Во рамки на Шенген-зоната нема ограничување од која држава ќе извадите виза, бидејќи таа ја покрива целата Шенген-зона“, рече николоски опишувајќи ги дипломатските напори.

Николоски појасни дека процесот за склучување билатерални договори со различни држави веќе е започнат и најави дека наскоро може да се очекува таков договор и со Австрија. Тој посочи дека македонските превозници најчесто патуваат по две основни рути: Унгарија–Австрија–Германија и Хрватска–Словенија–Германија, а дел од возилата транзитираат и преку Франција до Обединетото Кралство.

Долгорочни визи и нелојална конкуренција

„Се надевам дека наскоро ќе имаме добри вести, имајќи предевид дека комуникацијата е интензивна“, додаде тој, со надеж дека ќе се обезбедат долгорочни визи за возачите.

Министерот се осврна и на, како што оцени, нелојалната конкуренција при тендерирањето инфраструктурни проекти во ЕУ, нагласувајќи дека голем дел од најголемите договори ги добиваат компании од Кина и Индија наместо од Европа и дека средствата на европските даночни обврзници треба да циркулираат во европското стопанство.

„Мислам дека разговараме за апсурд. Во 21 век, со признати либерализации со земја кандидат за членство во ЕУ, која ги почна преговорите, да разговараме дали македонски превозник, кога ќе се качи во камион, треба да ги брои деновите, часовите и минутите. Ако имаме нелојална конкуренција, од една страна, а немаме слободен проток на стока и добра, тогаш нема поента за било што да разговараме. И обратно, ако ги решиме овие два problema, тогаш можностите се огромни“, порача Николоски.

Тој посочи дека на почетокот на годината бил направен напредок кога ЕУ ги препознала возачите на автобуси и камиони како професионалци, што им овозможува да аплицираат за долгорочни визи кои важат низ Шенген-зоната; како примери кои веќе издаваат такви визи ги наведе Хрватска и Швајцарија.

На 31 август професионални возачи и транспортери, организирани од транспортната асоцијација „Макам‑транс“, одржаа протест пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, каде беа паркирани околу дваесетина камиони. Тие посочија дека главниот проблем е начинот на кој им се пресметува престојот во странство — како да имаат статус на туристи, што им ги ограничува дозволените денови на престој.

Фото: прес-материјал од настанот

Поврзани написи