Николовски: Кражбата во потстаницата Драчево не можела да се направи без луѓе од ЕВН и Железница
Полицијата трага по сторителите откако беа оштетени трансформатори и отстранет цел бакар од потстаницата во Драчево; Николовски тврди дека без помош од ЕВН и од вработени во Железница ова не било можно.

Електровлечната потстаница во Драчево, во сопственост на Македонски железници – Инфраструктура, беше ограбена и сериозно оштетена при кражба што, според увидите, е изведена со голема стручност и подготвеност.
Проценетата материјална штета е околу 5 милиони евра, додека крадците, според процените, успеале да добијат околу 100 илјади евра од продажбата на украдениот бакар. Полицијата сè уште ги бара сторителите поради повреда на трансформаторите и целосно отстранување на бакарните елементи што ја оставија потстаницата надвор од функција.
Како е направена кражбата
При кражбата два трансформатори од по 27 тони биле поместени за околу 5 метри, што укажува на употреба на специјализирана механизација, како хидраулични дигалки. Потстаницата работи на напон од 25 илјади волти, што ја прави интервенцијата исклучително опасна и технички сложена.
„Тоа е нешто што може да го направат само високостручни луѓе, со висок напон на електрична енергија не може обичен човек да се справи, ниту таа механизација што е употребена таму не може да се најде каде било“, изјави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт.
Николовски оцени дека станува збор за „филмски грабеж“, изведен брзо и професионално. „Тоа е сработено во една ноќ буквално и очигледно од високопрофесионални крадци. Јас сум убеден, но секако не ја водам јас истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од Железница ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди, но оставам на МВР да ги процесуира оние коишто го направиле ова“, вели Никoloski.
Од местото на настанот истражителите подигнале траги, меѓу кои и ракавици, кои ќе треба да се верификуваат. Предвидено е да се сослушаат евентуални сведоци и вработени во Македонски железници, како и да се контролираат отпадни точки за метали, бидејќи украдениот бакар мора некаде да заврши. Вработени во фирмата пријавиле дека ја забележале кражбата пред околу две недели, но е неизвесно кога точно е извршена - претпоставката е дека тоа се случило во последните две недели пред откривањето.
Фото: прес-материјал од настанот