Носачот „Абрахам Линколн“ пристигна во Тајланд по 286 дена на море
Речиси 5.000 американски морнари ќе имаат петдневен престој во Патаја; некои локации се забранети.

Носачот на авиони „Абрахам Линколн“ пристигна во Тајланд по рекордни 286 дена на море, со екипаж од речиси 5.000 луѓе кои ќе имаат петдневен престој за одмор и закрепнување, соопштија тајландските власти.
„Линколн“ беше распореден во ноември минатата година и беше вклучен во поморската блокада на САД и во борбените операции против Иран. Вообичаено, поморските распоредувања траат меѓу шест и девет месеци, но во време на конфликт тоа може да се продолжи.
Престој и ограничувања
Придружуван од други американски воени бродови, носачот ќе остане во Тајланд пет дена заради одмор и закрепнување, соопштија властите. Тајланд стана сојузник на САД со договор од 1954, пред да биде назначен за главен сојузник надвор од НАТО во 2003 година.
Пристигнувањето на илјадници воени лица може да донесе економски поттик за Патаја, туристички град долго поврзуван со секс-туризмот. Иако тајландската полиција ги потсетува американските посетители дека проституцијата е технички нелегална во Тајланд, се смета дека во градот има меѓу 25.000 и 50.000 сексуални работнички.
Тајландските власти изјавија дека има неколку места каде што на американските војници нема да им биде дозволено да одат. Едно од нив е Сои 6, кое се протега до главната плажа и е познато по концентрацијата на провокативни барови. Морските спортови и продавниците за канабис исто така официјално им се забранети на американските војници.
Минатиот месец водечките специјализирани воени медиуми Navy Times и Stars and Stripes објавија дека имало повеќе обиди за скокање од бродот од страна на морнарите поради лошите услови и зголемениот ментален стрес. Екипажот имал само два дена на копно, откако бродот исплови од Сан Диего на 21 ноември.
Фото: АП)


